Совршени балетанки за ова лето

Објавено на: Jun 15, 2016 од Мама Кате

Балетанките се создадени како резултат на редизајнирани обувки за балет кои се наменети за секојдневно носење.

Во основа се направени од мека кожа со влошка која лесно се менува и одржува.

Постојат неколку модели на балетанки тие можат да бидат плитки, длабоки, со ластик или без него.

Ако имате широки стапала одберете длабоки балетанки без ластик.

Во овој модел ногата изгледа подолго, а работ без ластик ќе спречи стапалото да изгледа потечено по целодневното носење.

Тесните и долгите стапала ќе изгледаат пошироко во модел на балетанки со ластик.

Големото стапало оптички ќе го намалите со украси на предниот дел од балетанките. Дозволено е се: машнички, бисерчиња…ако имате мало стапало, оптички ќе го зголемите со полна пета на балетанките и четвртаст врв.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…