Спортот ја зајакнува самодовербата кај децата

Не е важно дали вашето дете е талентирано за спорт или не, важно е да го мотивирате да се бави со која било дисциплина. Студијата на научници од Бостон покажува дека момчињата кои во одреден момент се занимавале со спорт, без разлика на успехот кој го имале, имале поголема самодоверба од останатите.

Од друга страна, научниците заклучиле дека и една година тренирање позитивно влијае на имунитетот, но и развој на чувството за ритам, движење и грациозност.

Децата кои се бават со спорт имаат работни навики, се учат на одговорностм подобро го организираат времето и имаат поголема социјална интелигенција од врсниците кои ништо не тренирале.

Дури детето и да е антиталент треба да му се објасни дека тренинзите ќе му годат и ќе му ја зајакнат психата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk