„Стимингот“ кај децата со аутизам е нешто што всушност не треба да се спречува

Самостимулирачкото однесување кај децата со аутизам може да изгледа како многу необичен начин на однесување, особено за некого кој не го разбира тој процес. Всушност објаснувањето за тоа што го поттикнува овој начин на самостимулирачко и повторувачко однесување е многу едноставен.
Уште наречено стиминг, овој начин на однесување има за цел да предизвика чувство на релаксираност. Пријатното чувство што е цел на самостимулирачкото однесување не треба да се гледа како негова последица, туку како цел.

Чувстството што го доживуваат лицата со аутизам додека извршуваат стиминг е многу пријатно и за нив удобно. Тој им помага полесно да се справат со потешкотиите со кои во моментот се соочуваат.

Поради тоа, од голема важност е да не се спречува детето кое произведува самостимулирачко однесување. Тој начин на однесување не треба да се доживее како срамотен и непријатен, тоа е потреба и се е во ред се додека не е загрозена ничија безбедност додека стимингот се изведува.

Најдобро решение што може да го понудите во моментот на стиминг е наместо да се обидувате да го спречите да се обидете да се придружите. На тој начин ќе ја поделите среќата и пријатното чувство што го чувствува детето со аутистичен спектар на нарушувања.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk