Стимулирајте ја вокализацијата на детето со помош на слогови

Родителите во голема мера можат да влијаат врз развојот на говорот на нивното дете. 

Особено доколку детето се соочува со одредени потешкотии во тој поглед, стимулацијата во домашни услови за поттикнување на говорно-јазичниот развој е особено важно.

При тоа, логопедите особено потенцираат дека кога родителот го наведува детето да направи нешто вербалниот налог треба да биде јасен и краток.

Едноставните налози како на пример ДАЈ или ЕВЕ, ДОНЕСИ и сл без додавање на останати зборови се полесни за разбирање и повторување.

Уште еден практичен и ефикасен начин за стимулација на говорот е стимулацијата на вокализацијата на детето со помош на слогови.

Секоја активност што ќе ја правите вокализирајте ја (именувајте ја). Кога ќе се удри веднаш кажете Ауууу или на пример кога се лула велете лу-ла, кога ќе го исплашите не заборавете да го вокализирате тој момент со бу-бу, кога детето скока велете оп-оп и сл.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk