Што да им кажете на децата ако сте донеле одлука за развод

Добро запаметете дека разводот е многу конфузен за децата. Кога првпат разговарате со нив, ограничете ја расправата на исклучиво приоритетни работи, децата можат лесно да се збунат ако добијат премногу информации.Децата треба да слушнат дека нивните основни потреби ќе бидат задоволени, дека некој и понатаму ќе им подготвува појадок, ќе им помага околу задачите и ќе ги легнува навечер.

Децата исто така треба да знаат дека нивниот однос со двата родители и понатаму ќе продолжи, ако тоа е возможно.Слушајќи што се ќе се промени, децата треба и да слушнат што ќе остане исто. Родителите низ разговор треба да го уверат детето дека нивната родителска љубов и понатаму ќе постои и покрај промените во секојдневниот живот. За време на тој разговор важно е да се каже дека разводот е финален и на тој начин ќе се избегне давање на лажна надеж на децата дека повторно ќе бидат сите заедно.

Родителите тоа време за разговор можат да го искористат и да им објаснат дека не се виновни за разводот. Најголемиот број на деца постари од 4 или пет години веруваат дека разводот е последица на нешто што самите го сториле. Некои од нив, на прашањето зошто родителите се разведуваат одговараат „бидејќи децата се лоши и непослушни или на училиште добиле лоши оценки“. Тие треба постојано да се уверуваат дека не се виновни за разводот. Сетете се на тоа, да ги прашате за нивните стравови и грижи. Дајте им го потребното време да подразмислат за разводот и промените кои доаѓаат.

Детските прашања и грижи сфатетете ги сериозно и слушнете што имаат да кажат. Децата треба да знаат дека родителите го сфаќаат влијанието на разводот на нивниот живот. Слушајќи ги нивните мисли и чувства за разводот, родителите ги покажуваат своите грижи и чувства.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk