Што е епизиотомија

Објавено на: Jan 31, 2015 од Мама Кате

Понекогаш за време на процесот на раѓање, докторот или бабицата може да направат рез во перинеумот кај жената ( делот помеѓу вагината и анусот ). Резот прави отворање на вагината малку пошироко, овозможувајќи му на бебето да излезе полесно. Во Англија, на пример, епизиотомии не се вршат  редовно. Зафатот се спроведува само ако постои навистина ризик по бебето и мора да се роди брзо, или ако постои медицинска потреба како што е форцепс или вентус. Кај некои жени перинеумот може да се „расцепи“ при излегување на бебето, и во ој случај исто како епизиотомијата, потербно е процепот да се сошие. Конците од епизиотомијата зараснуваат за еден месец а болка на местото би требало да чувствувате две до три недели по породувањето. Сексот со партнерот може да биде болен првите месеци по епизиотомијата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…