Што е моларна бременост

Моларна бременост е многу ретка компликација која што се појавува на почетокот од бременоста.

Таа се случува кога нешто ќе тргне наопаку во текот на процесот на оплодување и обично се манифестира со абнормален раст на сите клетки или на дел од клетките на плацентата.
Во нормална бременост оплодената јајце клетка се состои од 23 хромозоми на мајката и 23 хромозоми на таткото.

Делумна моларна бременост се случува кога има 23 хромозоми од мајката и двојно повеќе од таткото, создавајќи присуство на 69 хромозоми, наместо на 46. Ова може да се случи кога сперматозоидите се реплицираат во внатрешноста на јајце клетката. Фетусот е генетски абнормален и нема шанси за преживување.

Плацентата е абнормално поставена и се развива брзо со пропратна појава на цисти врз нејзината површина. Овие цисти можат да пораснат доволно големи формирајќи форма на грозд и се лесно воочливи при првиот ултра звучен преглед на трудницата.

Стапката на зачестеност на моларната бременост е различна во различни земји во светот. Околу една до три бремености од вкупно 1000 во Англија се забележани како моларна бременост. Кај жените од Југоисточна Азија и во Јужна Америка стапката на застапеност на моларната бременост е далеку повисока.

Тоа зголемување на моларната бременост во овие делови од светот сеуште не е научно објаснето.
Моларната бременост се смета дека е предизвикана од проблем кој настанува со преносот на генетски информации од сперматозидите или јајце клетката.

Факторите кои го зголемуваат ризикот за појава на моларна бременост се:

Бременост под 20-те години или кај жените постари од 35 години
Жени со претходна историја на моларна бременост
Жени кај кои е забележан недостаток на каротен (форма на витаминот А).
Можно присуство на нарушувања во текот на овулацијата
Според лекарите еден начин како да се спречи настанувањето на моларна бременост е конзумирање на добро избалансирана исхрана.

Штом моларната бременост ќе биде дијагностицирана, за жал стандардна процедура во понатамошниот третман е дилатација и киретажа. Понекогаш се изведува и ERPC (евакуација на елементите на зачнувањето). Станува збор за хируршка евакуација со која ќе се отстранат сите абнормални клетки.

Еден примерок од отстранетото ткиво се праќаат во лабораторијата за понатамошно испитување. Во меѓувреме треба да се следи нивто на HCG хормоните, со цел со сигурност да се утврди дека тие се намалуваат, што е знак дека повеќе не постои абнормално ткиво.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk