Што е тоа што родителите на дете со аутизам не сакаат да слушнат од вас

Според истражувањето спроведено врз 350 родители на деца со аутизам утврдено е дека тие родители понекогаш навистина не сакаат да слушнат коментари кои ги засегаат нивните деца со таков синдром на нарушување во развојот.

Иако родителите го разбираат фактот дека некои луѓе од нивната околина навистина немаат лоша намера или пак едноставно исказите им се засноваат на непознавање на ситуацијата со кои тие секојдневно се соочуваат, сепак воздржете се доколку сакате да им ги кажете следниве неколку реченици:

-штета што вашето дете никогаш нема да го напушти домот, нема да формира сопствено семејство
-вашето дете не изгледа како да има аутизам, изгледа сосема нормално
-навистина не знам како успевате со вакво дете
-навистина е штета ова што ви се случува
-навистина ми е жал за вас
-вашето дете зборува, од каде знаете дека вашето дете е аутистично?
-толку е убаво вашето дете,штета што е аутистично

Исто така, воздржете се од правењето на споредба помеѓу две деца со аутистичен спектар на нарушувања. Едноставно не постојат две исти слики на деца со вакво нарушување, па токму поради мноштвото различни симтоми станува збор за спектар на нарушувања.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk