Што ги прави градите развлечени

Речиси ниту една жена не може да го одбегне природниот процес на спуштање и омлитавување на градите. Најчести природни причини за тоа се доењето, стареењето и генетските предиспозиции, но и некои навики влијаат на оваа состојба.
Несоодветен градник

Секогаш бирајте градник што ќе ви ја даде потребната потпора на градите или во спротивно градите повеќе ќе ви се тресат, па кожата ќе омлитави.

Пушење

Само една цигара дневна и повременото пушење цигари се доволни за да влијаат на побрзо стареење на кожата бидејќи се намалува протокот на крв во површинскиот слој на кожата и се намалува производството на колаген кој е потребен за да не се опуштат градите.

Јо-јо диети

Ако постојано варирате со тежината од 2 до 4 килограми, тоа не е толкав проблем. Но, ако се работи за 10 или повеќе килограми, секој пат кога ќе качите или симнете килограми, кожата на градите сѐ повеќе се опушта. Не држете строги диети што најчесто имаат јо-јо ефект, не само заради физичкиот изглед, туку и поради вашето здравје и имунитет.
Изложеност на сонце

УВ зраците штетно влијаат на кожата. Не само што се прават брчки и се појавуваат дамки, туку и изложеноста на сонце без заштита го намалува создавањето на колаген што резултира со спуштање и омлитавување на градите.

Трчање
Ова не значи дека треба да престанете со трчање и други физички активности, туку дека треба да носите соодветен спортски градник што ќе ви даде потпора и ќе овоможи кожата да дише.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk