Што кога ќе го фатите детето во лага

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Ане

Кога родителите ќе го фатат детето во лага треба да се избегне секое можно заканување или карање туку напротив, мирно да се разговара со детето кое преку разговорот треба да се поттикне на искреност.

Ако детето лажело за да постигне некоја цел или добивка важно е да не му го овозможиме добивањето на саканата цел затоа што на тој начин ќе го поттикнеме лажењето и веројатноста дека детето повторно ќе лаже за да ја оствари целта е голема.

Детските лаги понекогаш знаат да бидат навистина симпатични но не смееме да дозволиме тоа да ни се допадне, јасно искажувајќи го тоа преку насмвека или прераскажувањето на анегдоти околу лагата.

Потребно е заедно со детето да се постават правила и да се одредат последиците од кршењето на тие правила.
Искреноста секогаш треба да се пофали, а казната да биде мала за да го поттикне детето да ја признае својата грешка и лага.

Ако казната е голема тогаш најверојатно детето ќе се плаши да признае дека лажело за одредена работа.

Детето кое е „етикетирано“ ќе се однесува секогаш во склад со етикетата која сме му ја препишале. Затоа воздржете се секогаш кога ќе ви дојде да кажете „ Ти си вистински мал лажго/а“

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…