Што кога ќе се затнат млечните канали

Најчеста причина за затнување на млечните канали се скратените и нередовни подои, неправилното позиционирање (лоша поставеност) за време на подојот или постојан притисок од несоодветна облека. Ако мајката го ограничува траењето на подојот, времето што му е потребно на бебето да ги испразни градите, ако го скрати ноќниот подој, користи цуцла лажливка или се дава дополнителна исхрана (вештачко млеко), доведува до преполнување на дојките и зголемен ризик од појава на маститис.

Разликата меѓу затнатите канали и инфекција на дојката е само еден степен. Затнатите канали се однесуваат на болна или осетлива дамка или грутка на дојката која не е придружена со покачена температура. Оваа состојба се јавува поради несоодветно испразнети млечни канали. Притисокот кој се јавува зад затнатиот канал предизвикува воспаление на околното ткиво. Вообичаено се јавува на едната дојка. Вашата дојка е болно осетлива и постои црвенило, обично странично.

Доколку болката или грутката е придружена со треска, слабост, замор или изнемоштеност, станува збор за инфекција на дојката. Вообичаено се јавува на едната дојка и треба веднаш да побарате помош од лекар.

Без разлика дали болката е предизвикана од затнати канали или од воспаление на дојката, третманот е ист, топли облоги на вашите дојки, добро ќе ви дојде одмор и честа масажа на дојките и доење на болната страна. Најважно е да се обидете да немате долги паузи меѓу два подои. Обрнете внимание и на негата на брадавицата, но и регулирајте го стресот кој негативно влијае врз лактацијата на млекото.

Топлите облоги ја зголемуваат циркулацијата околу болното место. Може да се користи и термофор или водена пареа. Во овие случаи помага и блага масажа во пределот на затнатите канали. Масажата почнува зад заболеното место (грутката) со кружни и нежни движења на прстите во правецот на брадавицата. За да се ослободи затнатиот канал комплетно, по топлата бања и масажата се препорачува доење или измолзување на млекото.

Честото доење ќе спречи преполнување на дојките и ќе овозможи лесен и слободен проток на млекото. Сè додека дојката е набрекната или топла на допир, охрабрувајте го бебето да цица, и тоа секогаш понудете ја болната дојка.

Одморот има значаен дел во лекување на затнатите канали и воспоставување лактацијата. Одложете ги дневните активности, посети и релаксирајте се. Ова е најубавиот миг во вашиот живот. Одморајте во полулегната позиција кога и бебето спие.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk