Што не смее да се конзумира во бременоста

Објавено на: Jan 31, 2015 од Мама Кате

Доколку сопругот или некој од семејството боледувал од поленска грозница, астма, егзема или други алергии, би требало да избегнувате кикирики во сите облици, бидејќи може бебето да стане алергично на јаткасти плодови. Всушност, нив треба да ги избегнувате во текот на бременоста и доењето.

Јајцата отфрлете ги, а ако сте баш љубител на истите, варете ги додека белката и жолчката да станат сосема тврди.

За бремените не е добро ниту суровото или малку варено месо, рибата, живината и остригите. Не можете постојано да ги избегнувате, но морате добро, целосно да ги сварите или испечете.

Рибите што содржат многу жива не се препорачливи во бременоста. Единствено може да помине туната, но во умерени количества.

Од пијалоците секако треба да го елиминирате алкохолот. Најдобро целосно, затоа што не е докажано колкаво количество е безбедно за вас и бебето.

Чаевите, кафето, топлото чоколадо, какаото и некои енергетски пијалоци можете да ги консумирате, но во умерени количества.Тоа значи 200 мг кофеин на ден: две шолји кафе или чај и внимавајте: некои чаеви не се дозволени во бременоста!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…