Што се случува кога детето не внесува доволно протеини во организмот

Објавено на: Oct 27, 2016 од Мама Ане

Детството се карактеризира со интензивен, брз раст и развој кој зависи од создавање на нови клетки во организмот.Протеините се важни за да може телото на детето  да расте и функционира правилно.

Протеините претставуваат основа за зголемување на клетките и со самото тоа играат важна улога во изградбата на ткивата и органите.

 Кога детето преку исхраната не внесува доволно протеини се забележува забавување на растот и развојот кај детето, постои реална можност функцијата на органите и ткивата сериозно да биде нарушена, опаѓа имунитетот, односно лесно се појавуваат болести и подолго траат.

Затоа внимавајте вашето дете да внесува доволна количина на протеини преку исхраната консумирајќи производи како што се  јајцата, сите видови посно месо, риба, млекото и млечните производи, грав, грашок, леќа и житните растенија.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…