Што се случува со матката после породувањето

Матката е навистина чуден орган, благодарение на нејзините ”растегливи ”способности жената е во можност на свет да го донесе нејзиното бебе.
Непосредно после самиот чин на породување, матката полека започнува да се враќа во својата првобитна положба.

Кога матката се собира, кај многумина жени се појавува чувство на болка, односно стегање во пределот на матката бидејќи постелката се одвојува. Откако ќе ја исфрли постелката, матката и понатаму продолжува да се стеснува се додека не се врати во предпородилната состојба.

Тие болки при собирањето на матката се со индивидуален интензитет, осносно се различни кај секоја жена-додека некои жени нема ни да го почувствуваат тој процес, други ќе претрпат јаки болки. Според праксата, болките се појаки доколку станува збор за втора бременост или сите наредни бремености, што е нормално поради фактот што мускулите треба да работат дополнително за да се вратат во претходната состојба.

Она што всушност ги ублажува тие болки при собирањето на матката е хормонот окситоцин, кој е познат по својата улога во доењето бидејќи влијае врз излачувањето на млекото. Тој исто така има способност да делува и врз појавата на контракциите на матката. Затоа се вели дека доењето е многу важен процес и за мајката, бидејќи зголеменото излачување на овој хормон за време на доењето придонесува за поскоро заздравување на организмот на мајката и враќање на матката во првобитната состојба.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk