Стомачните вируси ги има и во доцна лето

Летото но и доцна лето е ризик-фактор за настанување на инфекции од валкани раце. Затоа внимавајте бебето да не става се и сешто во уста, а посебно кога си игра во песок.

Поголемите бебиња понекогаш сакаат да пробаат песок, а тоа може да биде опасно.

Иако морето изгледа чисто, најчесто брановите или плимата можат да исфрлат невидливи валканции, вклучително и бактерии кои предизвикуваат инфекции на желудникот и цревата.

Затоа може да се случи иако детето да не се капело во морето да добие летен пролив.

Затоа, редовно мијте ги рацете на бебето и не му давајте се да става во уста.

Ако се случи да има пролив треба да ги надоместите течностите, најдобро е препарати кои содржат електролитии се раствораат со флаширана вода. Бебињата кои цицаат треба повеќе време да поминуваа на дојка.

Можете да им дадете и пробиотици кои помагаат варењето да се нармализира, но и да се победи вирусот или бактеријата која предизвикала проблем.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk