Стрептококата виновна за појава на тикови кај децата

Дете кое често заболува од респираторни инфекции, односно инфекции на грлото предизвикани од стрептокока имаат поголем ризик подоцнежно да развијат компулсивно однесување и тикови- велат научниците.

 

Кога ја имаме бактеријата стрептокока во грло тогаш настанува бактериско воспалување на грлото и доколку не се лечи понекогаш може да доведе до воспаление на бубрег и ревматска треска. Воспаление на грлото, поради присуството на стрептокока најчесто се јавува на возраст од 5 до 15 години, но не се исклучуваат сите возрасни групи.

Компулсивното однесување, според истражувачите, укажува на тоа дека истите антитела кои се борат против инфекцијата од стрептокока, можат да ги оштетат мозочните клетки.

Секое четврто дете развива еден одреден вид на тик во однесувањето, начин на однесување кое во поголемиот број случаи исчезнува по одредено време.

 

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk