Стресот и ендометриозата

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Ане

Намалувањето на ниво на стрес на кое што е изложен организмот може значително да помогне во лекувањето на ендометриозата.

Хроничниот стрес може да предизвика зголемување на нивото на кортизол, а како последица на тоа се јавуваат состојби на намалување на нивото на прогестерон и хормонска нерамнотежа.

Нивото на кортизол е значително повисоко кај жените кои имаат потешки облици на ендометриоза во однос на жените кои го немаат ова заболување.

Секоја жена која што боледува од ендометриоза мора да се обиде да го елиминира или во најмала рака да го намали стресот предизвикан во работното или семејно опкружување, да го промени стресниот начин на живот и да започне со практикување на редовна физичка активност ( една од препорачаните активности е јогата и медитацијата )

Во исхраната потребно е да се вклучат витамини и минерали кои ги ублажуваат последиците на стрес како што се витамините Ц и Б, цинк и магнезиум и чаеви на база на валеријана и босилок.

 

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…