Стресот во раната возраст може да биде погубен за децата

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане
zakon2

Екстремната или продолжена изложеност на стрес на детето во раната возраст може да предизвика зголемено излачување на хормони кои можат да ги разорат нервните клетки.

Хроничното дожување на стрес може да создаде негтивни облици на размислување и чувствување кои може да се задржат во текот на целиот живот.

Според едно британско истражување одвојувањето од родителите е еден од најголемите стресови во првите години од животот кај децата бидејќи придонесува кај детето да се јави чувство на егзистенционална загрозеност, апсолутна беспомошност и незаштитеност.

Новите епидемиолошки студии докажуваат дека стресот во првите години од животот кај децата може да предизвика различни здравствени потешкотии и пореметувања како што се психичките пореметувања, коронарни заболувања,  насилно однесување, а подоцнежно и алкохолизам и наркоманија.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…