Супа која го зајакнува имунитетот и ја лекува настинката

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

Оваа вкусна супа го зајакнува целиот организам, го подигнува имуниетот и ја храни секоја клетка во нашето тело правејќи го отпорно кон епидемијата на вирози која е карактеристична за овој период од годината.

За да ја подготвите оваа супа потребни ви се следниве состојки:

– три литри вода

– 3 чешниња лук

– една кафена лажичка мелен ѓумбир

– една кафена лажичка бибер

– два моркова

– малку листови од целер

– половина главица кромид

– една супена лажица рузмарин

– една супена лажица тимијан

– сок од еден лимон

 

Начин на подготовка: Сите состојки освен лимоновиот сок ставете ги во голем лонец и варете на тивок оган околу четриесетина минути.

Потоа процедете ја течноста во друг сад. На крајот додадете го и лимоновиот сок.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…