СЗО: Зависноста од компјутерски игри се смета за ментално нарушување

Премногу и пречесто играње на видео игри наскоро ќе биде признаено како ментално нарушување. Зависноста од компјутерските игри ќе биде додадена на официјалната листа на болести на Светската здравствена организација наредната година. Симптомите вклучуваат немоќност за контрола кога и како да се играат видеоигри.

Друго „црвено знаме“ е кога некој избира игри наспроти интересите во животот и продолжува да игра и покрај негативните последици. Сепак, одлуката не значи дека играењето на видеоигри само по себе е проблем. Стручњаците велат дека на сите овие работи треба да се гледа со одреден контекст – каде, зошто и колку некој игра.

Со додавањето за оваа зависност на листата значи дека ќе биде признанена од докторите и осигурителните компании.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk