Темелно исчистете го лицето со сода бикарбона и мед

Сода бикарбоната наоѓа одлична примена и во козметички цели. 

Со нејзина помош, а при тоа комбинирајќи ја со цела палета на здрави и природни состојки таа станува ефикасен чистач на кожата на лицето, со смирувачки и антивоспалителен ефект.

Темелно исчистете ги порите на лицето со оваа маска од сода бикарбона и мед. При тоа ќе бидете изненадени од позитивниот ефект против создавањето на нови акни.

За таа цел промешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk