Тензични главоболки кај тинејџерите

Овој тип на главоболка е многу чест, не само кај возрасните туку и кај тинејџерите.
Иако самото име тензична главоболка асоцира на висок притисок – тензија, сепак не е тоа во прашање.

Обично се работи за затегање-тензија на вратните мускули што може да предизвика непријатно чувство на притисок во главата и болка. Болката во рамената и горниот дел од грбот многу често е придружен симптом на тензичната главоболка.

Главна причина за појавата на тензичната главоболка кај тинејџерите е неправилниот став на телото, особено при долго седење. Тогаш се создава долготрајно затегање на вратните мускули што придонесува за појава на главоболка.

Наједноставното решение е масажата на вратните мускули како и зачестена физичка активност за сметка на долгото седење пред телевизор или компјутер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk