Тестови за откривање на можната причина за неплодност кај жените

Објавено на: Jul 25, 2016 од Мама Ане

За да се открие причината која не дозволува да се случи зачнување потребно е да се извршат мноштво тестови, чиј број и намена зависи од исходот на базичните тестови.

Бидејќи човечкиот репродуктивен систем е навистина комплициран, тестовите можат да траае и со месеци.

Кога причината која доведува до неможност за зачнување ќе биде откриена, се пристапува кон нејзино елиминирање.

За жал, многубројни се случаите кога тестирањата не открива ниту еден причинител за неплодноста. Во тој случај станува збор за идиопатски стерилитет.

Базичните прегледи кои следат по констатирањето на неможност од забременување кај жената ги вклучуваат:

– општиот гинеколошки преглед
– хормонални тестрања ( одредување на нивото на хормони во организмот со цел да се докаже дека постои овулирање на јајце клетка, да се одреди нивото на полови и тироидни хормони )
– хистеросалпингографија ( при што се проверува состојбата на матката и јајцеводите )
При овој преглед може да се види дал постои механичка блокада на јајцеводите и ако постои на кое место се наоѓа.
– ултразвучен преглед ( се утврдува општата состојба на гениталниот тракт и се откриваат можните деформации во гениталниот систем )
– генетски тестирања (се откриваат можните генетски деформации во гениталниот систем кои би предизвикале стерилитет )
– микробилошки иследувања
– лапараскопија ( се одредува дали постои ендометриоза или друго ткиво )


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…