Тоник од магдонос за изедначен тен

За да се решите од темните флеки на кожата доволно е да го направите во домашни услуви овој природен тоник од магдонос и да уживате во неговите неверојатни резултати.

Магдоносот е богат со витамините А и Ц, минерали и природни етерични масла кои во комбинација со алкохол делуваат избелувачки.

За неговата подготовка потребни ќе ви бидат една китка свеж магдонос и 100 мл домашна ракија. Магдоносот ситно исецкајте го, ставете го во стаклен сад и прелијте го со домашната ракија и исто толкава количина превриена и оладена вода. Затворете го садот и оставете го во ладилникот. Секоја вечер пред легнување, со овој тоник потопете парче вата и ставете ја врз темната флека на кожата. Оставете ја да отстои околу 15 минути а потоа без да се измиете намачкајте ја кожата со хидратантна крема.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk