Траумите од детство создаваат мигрена

Објавено на: Jul 10, 2015 од Мама Кате

Трауматичните доживувања од деството можат тројно да го зголемат ризикот за појава на мигрени во возрасното доба, покажува истражување спроведено во Канада.

Научници од Универзитетот Торонто при тоа како најважен фактор за ризик за мигрени го издвојуваат сведочењето на насилство меѓу родителите.

Следниот најважен фактор за ризик е изложеност на децата на злоставување, покажуваат податоците собрани од речиси 23.000 возрасни испитаници.

Стручното списание „Headache“ додава дека врската на траумите од деството и мигрените во возрасна доба биле поизразени кај мажите.

На добиените резултати не влијаеле веќе познатите фактори на ризик за мигрени, како возраста и историја на депресија или анксиозност.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…