Третирање на пеленскиот осип

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Ане

Сувата и зацрвенета кожа во пеленската регија секогаш измивајте ја со млака вода. Не ги бришете болните подрачја.

Наместо тоа тапкајте ја иритираната кожа со чиста памучна крпа. Важно е иритираната кожа во пеленската регија да биде сува.

Колку што е можно повеќе овозможете и на кожата да дише. Пред да нанесете крема на измиената и чиста кожа ставете го бебето неколку минути во позиција со газето кон горе. На тој начин ќе бидете сигурни дека кожата е целосно сува, бидејќи сушењето е важен дел од процесот на зараснување.

Кога користите крема за лекување на пеленскиот осип добро размачкајте ја кремата со помош на кратки кружни движења.

Чистата ланолинска маст може да биде добар избор за премачкување на иритираното подрачје.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…