Третманите во сензорната соба помагаат за подобра самоогранизација на децата

Сензорната соба е специјално опремена просторија која е  наменета пред се за децата кои имаат потешкотии во обработката на секојдневните сензорни информации.

Во најголем број случаи станува збор за деца со аутистичен спектар на нарушувања, деца со АДХД, деца со ментална неразвиеност, со сензорен хендикеп, деца со пречки во говорот и деца кај кои што е забележана дислекција кои како последица на оваа потешкотија манифестираат невообичаено однесување.

Третманот во рамките на сензорната соба се изведува од страна на дефектолози кои се обучени за терапевтска работа во сензорна соба.

Дефектологот при тоа се обидува да му помогне на детето да учествува во активности преку кои ќе успее да се формира одговор на надворешните дразби.

Активирањето на сетилата за вид, слух, мирис и допир се алатка со која ќе се надминат овие потешкотии. Тука секоја активност која наликува на игра има своја смисла.

Крајната цел е развивање на способноста на детето за самоорганизација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk