Три работи во кои треба максимално да уживате пред да пристигне бебето

По доаѓањето на новиот член во семејството животот веќе никогаш нема да ви биде ист- ќе биде поубав!
Сепак, некои нешта во кои до тогаш сте уживале кога и да сте посакале ќе ви бидат помалку достапни.

Затоа:

– Спијте долго
Го знаете она чувство, кога толку ви се спие што е доволно само да се свртите на другата страна во креветот и да си дозволите уште некоја минута сон. Е токму тоа нема да биде повеќе можно откако ќе дојде бебето во домот.
Немајте грижа на совест, ако на пример во сабота, спиете до пладне. Откако ќе дојде бебето во домот, доволната количина на сон ќе биде првото нешто што ќе ви недостасува.

– Уживајте во средениот и чист дом
Кога станува збор за хигиената во домот веруваме дека држите се под контрола. Секако, тоа нема да се смени откако ќе пристигне новиот член во семејството но подгответе се играчките да ви ја окупираат собата, скапоцените украси да се најдат на највисоките полици, дамките од сок и млеко на подот, мебелот и облеката можат да станат секојневие, ѕидовите можат да бидат ”разубавени” кога вашето дете ќе биде уметнички инспирирано…

Додека претходно сте поминувале многу време со крпата во рака и сретствата за хигиена сега, во некои случаи, и влажното марамче ќе ја заврши работата.

– Релаксирајте се во тишината околу вас
Искористете го секој момент да уживате во тишината околу вас, слушајќи го само сопственото дишење. Наскоро, по доаѓањето на бебето во домот тишината одеднаш ќе стане разбранувана од плач, врисок, повици и сл, едно од поубавите нешта што ќе го посакувате за себе.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk