Трудници, јадете често но умерено

Во борбата против упорните мачнини во текот на бременоста првото и најважно правило е да имате чести но умерени оброци.

На трудниците им се препорачуваат повеќе мали оброци во текот на денот, па така, секогаш е подобро да изедете шест мали отколку три обилни оброци.

Никогаш не јадете масна храна за појадок. На вашето мени почесто треба да биде застапена храна која што е богата со протеини како кои потекнуваат од млекото, сирењето, сојата, рибата и сл. Солените грисини и овошјето се секогаш добар избор за оброк, особено кога се во комбинација со ѓумбир.

Јогуртот е природен извор на витаминот Б6 кој помага против мачнините. Две чаши јогурт во текот на денот може значително да ги олеснат тегобите.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk