Труднички гранулом како последица на намалениот имунитет на трудниците

Воспалувањата на непцата во бременоста се најинтензивно изразена во текот на третото тромесечје, што не значи дека под дејство на многу надворешни и имунолошки фактори не може да се активира и порано во текот на бременоста.

 

Понекогаш на забното месо, особено во просторот помеѓу горните предни заби може да се појави отекување на непцето во форма на мал џеб кое лесно може да прокрвари во текот на миењето на забите.

 

Всушност станува збор за granuloma pyogenicum односно труднички гранулом.

Најчесто се појавува на места каде веќе има развиен гингивитис, а може да се јави кај 2%-10% од трудниците.

Тоа е мек израсток со изразено црвена боја најчесто не поголем од половина сантиметар до два сантиметри.

Често тој исчезнува самиот од себе во периодот по породувањето и не предизвикува болка туку евентуално чувство на непријатност.

Сепак, ако во текот на бременоста на трудницата и предизвикува одредени непријатности при голтањето, крварење и болка тогаш стоматологот може да препорача негово хируршко отстранување.

Трудничкиот гранулом е последица на недоволната орална хигиена, но и интензивното делување на естрогенот на имунолошкиот систем на трудницата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk