Учениците не се трудат да го научат македонскиот јазик зашто немало да останат во земјава

„ Дваесет години сум професор по македонски јазик и литература во средно училиште. И секојпат, кога имам ученици од прва година, им давам задача да пишуваат диктат. Целта на задачата е проверка колку го владеат правописот. Секоја генерација е полоша од претходната, но никојпат не сум добила толку слаби резултати како сега.“
Вака пишува една професорка во група на социјалните мрежи, сакајќи да го искаже „поразот“ кој секоја година е се` поголем од нејзините ученици. Во постот дополнува дека еден од учениците на нејзините критики вратил дека нема интерес за македонскиот јазик бидејќи тој и така не планира да остане во државата. Останатите ученици го поддржале. Дека Македонците немаат интерес да го изучуваат сопствениот јазик покажуваат и статистиките со години. Највоочливи се оние кои се бележат преку интересот на матуранти кои одлучуваат да студираат на филолошкиот факултет, изучувајќи го мајчиниот јазик.
Наспроти ова квотите за англиски јазик се пополнуваат веднаш и се бара и место повеќе. Деканот на филолошки вели дека словенските јазици се во криза и мора итно да се поработи на поголема промоција и привлекување на студенти.
Македонистите велат дека не може да очекуваме другите да го почитуваат и знаат нашиот јазик кога самите не се грижиме за него.
Потребна е поголема застапеност и изучување на македонскиот јазик на светските универзитети. Тоа е единстевеното обележје преку кое се јакне идентитетот.
Од речиси 20 000 универзитети во светот, нашиот јазик се изучува само на 30, од кои на 11 има лекторати.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk