Учење низ игра

Никогаш не е прерано за учење низ игра, бидејќи бебињата така најбрзо и најлесно учат, покажуваат резултатите на едно данско истражување. Иако мислите дека вашето бебе ништо не разбира, тоа впива се, како сунѓер. Затоа уште од првиот ден зборувајте му, пуштајте музика, пејте, читајте пред спиење.

Говорете разбирливо и гледајте го бебето додека му зборувате. Ако бара внимание, а вие мора да подготвите ручек, ставете го во количка пред вас и објаснувајте што правите.

Децата сакаат класична музика посбено Моцарт, затоа изберете некоја мелодија и пејте заедно.

Зборувајте му на бебето покажувајќи му платнени или играчки кои свират, топки, коцки и дозволете му да ги допира.

Пред спиење, земете го детето во прегратка и покажувајте му сликовница. Менувајте го тонот во гласот и правите пауза така што детете ќе ужива во она што го слуша и гледа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk