Универзалните вистини за мајчинството

Објавено на: Sep 15, 2016 од Мама Ане

Без разлика колку и да ги сакате своите деца, ќе дојдат моменти кога едноставно до толку ќе ви одат на нерви што нема да може да опишете.

Вашата кошница за алишта веќе никогаш нема да биде празна ( дури и во моментот кога машината го пере и последното нечисто парче облека ќе се најде некоја блуза од детето со остаток од јадењето )

Собите во домот веќе никогаш нема да ви бидат средени сите во исто време. Додека чистите со детето во домот очекувајте дека е можно додека ја средувате едната соба другата да биде во тотален хаос.

Децата ќе бидат пред телевизорот. Тивко е и мирно а вие набрзина завршувате некоја обврска низ домот чувствувајќи се истовремено и среќно што сте завршиле се што треба да завршите и чувствувајќи грижа на совест што не ги забавувате децата на креативен начин.

Секој дополнителен приход од пари ќе оди на вашите деца. Не дека немаат што да облечат, но тоа фустанче или фармерчиња едноставно излгедаат прекрасни.

Без разлика колку и да е вашиот сопруг прекрасен татко, тој никогаш нема да биде ВИЕ, нема да биде МАЈКА! Колку побрзо го сфатите ова толку помалку ќе се нервирате.

Со текот на времето можеби ќе ги замразите речениците што почнуваат со ЗОШТО! Зошто сонцето свети, зошто е ова камион а не автомобил, зошто…зошто….

Ништо чудно ако полека сфатите дека станувате исти како вашата мајка користејќи ги нејзините фрази и закани.

Ќе има денови кога ќе се чувствувате премногу успешно и денови кога ќе чувствувате како целосно промашување. Ќе сакате да побегнете од се. Ќе бидете задоволни од се што имате. И сето тоа може да се случи во еден ист ден.

Бидејќи јавните испади на бес се недозволиви успешно ќе научите како да ја префрлите насмевката преку лицето додека вриете во себе велејќи си ќе видат тие дома.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…