Вежбањето пред заминување на училиште ја зголемува концентрацијата кај хиперактивните деца

Практикувањето на физичка активност во период од половина час пред да замине на училиште за детето има многу позитивни ефекти кои пред се се согледуваат во зголемувањето на концентрацијата во текот на часовите.

Ова особено се однесува на оние деца кај кои се бележи пореметување на вниманието и хиперактивност-тврдат американските научници.

Според истражувањето во кое учествувале повеќе од 200 ученици од основно училиште, а е спроведено од страна на државниот универзитет во Мичиген, кај децата кои вежбале пред да заминат на училиште е забележан подобар успех во читањето и решавањето на математичките задачи.

Истовремено, значително се намалиле проблемите поврзани со промената на расположението и воспоставувањето на социјалните контакти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk