Вежбите за правилно напнување се важни за секоја трудница

Редовната физичка активност со умерен интензитет е особено важна за секоја трудница.

Освен активностите кои ќе ги зајакнат мускулите во карличниот појас што ќе придонесе за полесно породување, правилното напнување е исто толку важна вежба бидејќи помага да се намали периодот на  истискување на бебето што директно е голема помош и за бебето кое го минува родилниот канал.

Токму затоа за секоја трудница се препорачува редовно практикување на вежбите за релаксација и правилно дишење како и на вежбите за правилно напнување.

Совладувајќи ги овие техники идната мајка не само што се подготвува за породувањето туку и овозможува максимална искористеност на кислородот во текот на породувањето.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk