ВИДЕО: Ова е најоригиналниот начин за вадење на млечен заб

Објавено на: Apr 02, 2015 од Мама Весна

„Отровниот Роб“ које американски професионален борач решил да му помогне на својот осумгодишен син да го извади млечниот заб што се нишал, а тоа го направил на единствен и оригинален начин.

Како што јави „Скај Њуз“, едниот крај од јажето Роб го врзал за забот, а другиот за неговиот „Шевролет Камаро“, по што нагазил на гаста на автомобилот. Планот се покажал успешен.

– Падна, изјава неговиот син, а како доказ пред камерата ја покажа дупката во неговата насмевка.

Роб изјавил дека не очекувал неговто видео да биде толку популарно, но призна дека помалку и стравувал додека ја притискал гаста.

– Не сакав да летнат камчиња што ќе го удрат по лицето, призна искрено „Отровниот Роб“.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…