Вкусен напиток од рузмарин која го забрзува метаболизмот

Освен што е позната по своите антибактериски и антисептички дејства, рузмаринот е одличен извор на витимини кои се важни за оптимално функционирање на мозокот, црниот дроб и кардиоваскуларниот систем. 

Во комбинација со неколку состојки оваа медитеранска билка има неверојатна моќ да го забрза метаболизмот и да предизвика чувство на леснотија во стомакот.

За да го подготвите овој топол напиток потребни ви се следниве состојки:

  • 2 чајни лажички сушен рузмарин
  • 300 милилитри врела вода
  • 1 грејпфрут

Потопете го сушениот рузмарин во врелата вода и оставете го отстои во неа околу 5 минути. Наједноставно е ако го ставите во филтер за чај. Потоа исцедете ја водата, па добро измијте го грејпфрутот. Исцедете сок од половина грејпфрут и помешајте го со чајот од рузмарин, а другата половина исечкајте ја на парчиња и така додајте ја во напивката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk