Вкусен напиток од јогурт и семенки кој помага во случај на опстипација

Јогурт со ленено семе, сусам и сончоглед

Јогуртот во комбинација со одредени семенки може да ви помогне доколку имате проблем со честа опстипација.

Истовремено во дигестивниот тракт се зголемува присуството на добрите бактерии, а организмот се збогатува со витамините од групата Б како и есенцијални аминокиселини.

За таа цел пред да појадувате испијте чаша јогурт во која претходно сте додале лажичка мелено ленено семе, лажичка непечен сусам и лажичка непечен сончоглед.

Препорачливо е сите состојки да се измелени непосредно пред да ги додадете во јогуртот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk