Влијанието на аспиринот во процесот на забременување

Објавено на: Nov 16, 2015 од Мама Ане

Се почесто гинеколозите препорачуваат жените кои што подолго време се соочуваат со неможност да зачнат да почнат со секојдневна употреба на аспирин во мали дози.
Се смета дека аспиринот во доза не поголема од 100 мг во текот на денот може да помогне во процесот на забременување поради тоа што аспиринот делува врз поттикнувањето на циркулацијата на крвта во телото и ја успорува коагулацијата па затоа матката се здобива со поголема количина крв и се здебелува што ја прави имплантацијата на оплодената јајце клетка полесна.
Исто така аспиринот може позитивно да влијае врз јајниците, стимулирајќи го создавањето на квалитетни фотикули што може да доведе до ослободување на повеќе од една јајце клетка.
Оптимална доза која помага во процесот на зачнување, според лекарите е од 75 до 80 милиграма во текот на денот која треба да се зема наутро и да не се лежи барем половина час после земањето на лекот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…