Влијанието на музиката врз здравјето

На Државниот универзитет во Колорадо, на часовите за заштита и закрепнување од Паркинсонова болест се одвиваат вежби кои изгледаат како и сите други од овој тип, а исто така вклучуваат и музика. Она што ги прави различни од останатите е што наместо да се пушта музика преку музички систем или компјутер, тие имаат бенд во живо.
Терапевтските ефекти на музиката се неспорни. Слушањето музика помага мозокот да лачи повеќе допамин, кој како што веќе знаеме, ги намалува стресот и анксиозноста, но и го контролира крвниот притисок, ја подобрува меморијата и овозможува полесно ослободување од болката.

Постојат повеќе студии кои покажале дека живата музика го подигнува нивото на енергија кај пациентите со тешки болести, ги подобрува реакциите на луѓето со деменција и го намалува стресот во организмот на предвреме родените бебиња. Невролошкиот ефект на музиката во живо сѐ уште е предмет на широки истражувања, но највеќе е забележлив токму кај пациентите со Паркинсонова болест.
Центрите во мозокот одговорни за слушање и движење се блиску еден до друг и затоа е сосема нормално да се во меѓусебна интеракција. Поради тоа, музичката терапија е една од најефикасните кај лицата со Паркинс. Влијанието на живата музика е доста поефикасно отколку студиските снимки, затоа што во таквиот ритам има нешто што размрдува и ја подигнува енергијата.
Кога настапуваат во живо, музичарите манипулираат со ритамот, инструментите и интензитетот на изведбата, па затоа и присутните на концертите се весели, раздвижени и среќни. На тој начин се активираат и моторните функции на целото тело, па затоа ова наоѓа примена и во терапиите и вежбите кај заболените од Паркинсонова болест. Кога се работи за терапија, дури и изведувачите на музичките дела претходно се обучени на кој начин да го прилагодат настапот, за тој да ги има посакуваните влијанија врз пациентите.

Друг позитивен ефект од ваквата терапија е што се одвива групно и постои интеракција помеѓу инструкторот и пациентите, како што се заедничко пеење, координирано танцување и правилни движења. Дури и самото пеење има терапевтско својство бидејќи ги затега гласните жици, што е потребно за да можете да голтате, а токму ова е чест проблем кај лицата со Паркинсонова болест. Исто така, танцот и пеењето ја подобруваат и емоционалната состојба. Кога група лица присуствува на некој концерт или настап во живо, нивните срца и мозочни бранови се синхронизираат, создавајќи кореографија на физиолошко ниво.

При музичка терапија важно е да се избере и соодветна песна која ќе им помогне на пациентите на некој начин да се соживеат со ритамот. Она што е уште посилен аргумент во оваа приказна е што луѓето обожаваат концерти. Кога нивниот омилен бенд има настап во живо тие избираат да одат на концертот, наместо да ги слушаат истите песни дома на Јутјуб или диск. Ова е само уште еден доказ дека природниот нагон и на здравите и на болните луѓе е повеќе да ја сакаат музиката во живо, отколку снимките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk