Внимавајте на количината на масти во детската исхрана

Објавено на: Nov 08, 2016 од Мама Ане

Мастите се извор на енергија во организмот на детето.

Во споредба со протеините и јаглехидратите, мастите даваат за два пати повеќе енергија (1 грам протеини или јаглени хидрати даваат 4 ккал, 1 грам масти-9 ккал).

Заради високата енергетска вредност, мастите треба да се консумираат умерено. Прекумерното консумирање масти или масна храна доведува до зголемена телесна тежина или здебеленост, која е ризик-фактор за возрасните, а уште повеќе за децата.

Здебеленост во текот на детската возраст може да продолжи и во следните стадиуми на животот, со што се зголемува ризикот по здравјето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…