Кога патувате со бебе внимавајте на температурата во автомобилот

Објавено на: Dec 26, 2016 од Мама Ане

Ако се работи за доенче, за патувањето е добро, секако доколку постои таква можност, да се избере оној дел од денот кога бебето обично спие. 

Потрудете се во автомобилот температурата да биде пријатна. Внатрешноста на автомобилот треба да биде ниту претопла ниту преладна.Температурната разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура треба да биде околу седум степени.

Сметајте и на тоа дека прозорците на автомобилот пропуштаат ултравиолетови зраци, затоа обезбедете дополнителна заштита.

Задолжително возете го детето во специјално детско автоседиште, за кое добро проверете дали е соодветно на возраста, дали е добро прицврстено за автомобилското седиште и дали се во ред појасите.

Погрижете се во автомобилот да имате достапни играчки со кои ќе го забавувате детето во текот на патувањето, особено доколку патувате подолго.

И покрај сите подготовки, често бебето може да стане немирно и раздразливо, да има потреба од промена на пелената, да е глдно или едноставно да не сака повеќе да седи во таа положба. Затоа планирајте чести паузи во возењето.

Доколку доите не заборавајте на своите потреби од течности и храна. Ако подготвувате оброк со адаптирано млеко, внимавајте тоа секогаш да биде свежо подготвен оброк во чисто шишенце и со чиста цуцла.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…