Во кои случаи не се препорачува епидурална анестезија

Иако е наречена анестезија во основа нејзината цел е да обезбеди аналгезија. Со нејзина помош, во текот на породувањето се блокираат нервните импулси од долниот дел на телото.

Епидуралната анестезија најчесто се аплицира во периодот откако ќе почнат контракциите до пред  да се констатира дека грлото на матката е отворено четири сантиметри.

Епидуралната анестезија не се препорачува кај оние жени кои што примаат антитромбоцити, кои имаат абнормално низок крвен притисок, кои имале алергиски реакции на локални анестетици во минатото, кај оние жени кои имаат локални инфекции на кожата на грбот и кои имаат ниско ниво на тромбоцити во крвта.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk