Во кој случај докторите се одлучуваат за итен царски рез

Во случај вагиналното породување да претставува извесен ризик за здравјето на мајката и бебето, лекарот може да ви предложи итен царски рез како најсигурна опција да се заврши породувањето кое веќе започнало.

Како најчести причини за итен царски рез се сметаат:

–         предвремено лупење на постелката

–         испаѓање на папочната врвка низ родницата пред да се роди детето

–         бебето не добива доволно кислород, а вагиналното породување би траело подолго со што би го угрозило здравјето и животот на бебето

–         вагиналното породување не напредува според очекуваното, односно бебето не е во можност ефикасно да се поттисне низ родилниот канал

–         се случува обилно вагинално крварење за време на породувањето

–         срцевата акција на бебето значително отстапува од нормалните мерки

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk