Во раната бременост се дозволени 300 калории повеќе

Објавено на: Jul 19, 2016 од Мама Ане

Очекувањето за зголемување на телесната тежина кај трудниците во текот на првите три месеци од бременоста се однесува на просечните два до три килограми. 

Во овој период се препорачува дополнителен внес на калории, кој не е препорачливо да надмине 300 калории. Исто така, се препорачува уште еден дополнителен млечен оброк богат со калциум, односно приближно околу десет грама дополнителни протеини.

Мастите не треба да надминуваат 30% од вкупниот број на калории.

Со правилна исхрана жените кои планираат да забременат треба да осигураат околу 400 мцг фолати дневно, особено еден месец пред и еден месец по забременувањето.

Исклучително е важно во раната бременост да не се прескокнуваат оброците ниту да се следи стог режим на нискокалорична исхрана.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…