Во студените зимски денови уживајте во топлото чоколадо со ѓумбир

Пикантниот ѓумбир дополнително ќе ве згрее и опушти во омиленото катче на вашиот дом.

Состојки:

100 мл вода

10 грама свеж ѓумбир

70 грама чоколадо за готвење

30 грама црно чоколадо со 70% какао

200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Ѓумбирот исчистете го, исечете го на ливчиња и ставете го во врелата вода, па варете го покриен, на умерена температура 10-тина минути. Исцедете ги парчињата од ѓумбир, па во врелата вода измешајте го изренданото чоколадо и слатката павлака. Загревајте го со мешање додека не зоврие. Можете да додадете и шеќер ако мислите дека има потреба. Врелото чоколадо можете веднаш да го послужите и да уживате во неговата моќна арома.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk