Воденикот не пука како во филмовите

Објавено на: Aug 30, 2016 од Мама Ане

Иако пукањето на воденикот и истекувањето на плодовата вода е сигурен знак дека породувањето полека започнува, сепак тоа не се случува на истиот начин како што се прикажува во филмовите-додека одите на улица, пазарите во маркет и сл. и одеднаш ви истекува огромна количина течност од вагината а вие врискате од неиздржливи болки кои одеднаш почнуваат.

Напротив, реалноста е сосема поинаква. Помалку од 7% од жените се соочуваат  со пукање на воденикот пред да започнат правилните контракции.

Дури и да се случи ненадејно прскање на воденикот, плодовата вода која одеднаш ќе истече нема да биде толку обилна како на филм туку ќе истекува со послаб интензитет.

Главата на бебето кое веќе полека започнува да се спушта низ родилниот канал го попречува обилно течение на плодовата вода.

Ако не дошло до спонтано прскање на воденикот, лекарите ја применуваат практиката на механичко прскање во текот на почетниот период од самиот процес на породување. Најчесто лекарите механички го прскаат воденикот тогаш кога главата на бебето е зацврстена во карличниот влез, во најголем број случаи кога цервиксот е отворен 3,4 или 5 сантиметри.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…