Родителството не е наука, тоа е уметност што ја создаваат низа незаборавни моменти

Многу често новата мајка е опкружена со луѓе кои знаат што е најдобро за неа и нејзиното бебе, делат совети и препораки и се трудат да ја уверат мајката дека истите се “проверено” корисни. Но, дали баш сите совети имаат смисла?

Затрупувањето на младата мајка со советите околу негата и воспитувањето на детето може да биде навистина напорно и збунувачки за мајката.

Многу од родителите, особено повозрасните, поради недостаток на објективност го идеализираат својот начин на кој што постапувале како родители што придонесува тие да имаат храброст и желба да го наметнат својот родителски став на другите како идеален воспитен метод.

Но всушност вистината е дека не постои најуспешна формула за родителството.

Одгледувањето на детето е вистинска уметност а не наука.

Читајќи ја литературата богата со совети за родителството може да најдеме идеи кои можат или да ни се допаднат или да не ни звучат добро.

Она што е важно е да веруваме во својот инстинкт и да го одбереме оној совет кој нас ни се чини дека е добар за примена во односот со нашето дете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk