Воведување на адаптирано млеко во исхраната на бебињата

Ако мајката не може да го дои своето бебе пред се поради здравствени причини педијатрите советуваат хранење на бебето со млечна формула која во најголем дел според својот состав наликува на составот на мајчиното млеко.

Многумина од мајките се прашуваат како детето ќе реагира на воведувањето на нов производ во исхраната.

При воведување на адаптирано млеко во бебешката исхрана сосема е нормално да се очекува период на адаптација, каде имунолошкиот и дигестивниот систем на бебето кои се сретнуваат со нешто ново и непознато треба да се приспособат кон тоа. Обично се смета дека овој период на адаптација трае од седум до четиринаесет дена, период во кој што се очекуваат и реакции на производот.

Реалноста е дека можни се несакани реакции.

Кај мал број бебиња кои се префрлуваат од мајчино на адаптирано млеко можна е појава на осип, болки во стомакот, како и менување на функционирањето на дигестивниот тракт ( во смисла на појава на потешкотии при празнењето на цревата-запек, односно забавување на метаболизмот)

Времетраењето на овие потешкотии при прифаќањето на адаптираното млеко може да варира, појавувајќи се од првиот односно вториот ден на воведување на млечната формула во исхраната.

Родителите мораат да бидат особено претпазливи и да ја следат општата здравствена состојба на бебето. Доколку забележат промени на кожата ( кои бараат консултација со лекар) или во изметот ( менување на бојата ) не мора веднаш да се престане со конзумацијата на адаптираното млеко. Доколку не дојде до влошување на состојбата за два до три дена организмот на бебето полека ќе почне да се приспобува на млекото. Доколку за максимум три дена забележаната промена не исчезне очигледно е дека тој конкретен вид на адаптирано млеко не одговара за бебето и дека родителите мора да се обидат со млеко од друг производител.

Секако, за секоја забележана промена кај бебето по воведувањето на адаптираното млеко во исхраната неопходна е консултација со педијатар.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk