За мама и краткото туширање станува вистински спа-третман

Неочекуваните сценарија што ги приредува родителството нудат краток список на моменти од кои барем дел сте ги доживеале и вие, на кои со насмевка ќе се потсетите секогаш кога размислувате за среќните и весели денови кога сте биле ( и секогаш ќе бидете ) во улогата на мама и тато а главниот актер е вашето малечко. Ако сте родители, сигурни сме дека сте доживеале повеќе од овие нешта.

– Вашата нова гарнитура од кожа ќе добие дополнителен декор- линија од пенкало или фломастер

– Ќе се чувстувате посреќни секогаш кога ќе купите нешто за своите деца отколку кога ќе си купите нешто за себе

– Постојано ќе се борите да го одржите чисто задното седиште на вашиот автомобил

– Ќе се научите да јадете брзо или само со една рака, или пак на двата начина истовремено
– Неочекувано, во еден момент, ненадејно ќе го удрите детето ( без грижа, им се случува скоро на сите )

– Своите мани понекогаш ќе ги видите во детето, исто како да стоите пред огледало

– Ќе се смеете како никогаш во животот

– Многу предмети и украси кои ви значеле нешто ќе бидат скршени, оштетени, обоени, наполнети со пластелин или бомбони

– Ќе гедате цртани филмови и кога децата нема да ги гледат

– Ќе стнете вистински уметник во кујната ( давајќи му на овошјето и зеленчукот примамлив изглед се со цел да го натерате детето да јаде здраво )

– Краткото туширање ќе го доживеете како вистински спа-третман

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk